Пејачот се СМРЗНАЛ ОД СТРАВ: Му се закануваат со УБИСТВО зашто спиел со жената на наркобос

принтскрин

Иако Слоба Радановиќ зборувал дека девојката го оставила од некои приватни причини, поточно дека наводно не може да има деца, вистината е дека двајцата се исплашиле од нејзиниот маж, наркобосот, пишува Курир.рс.

Мажот, кој живее во странство, дознал за аферата на својата жена со пејачот и сега е подготвен да си го исчисти образот така што жестоко ќе му се одмазди на Радановиќ и ќе го научи чии жени не смее да ги носи во кревет, пишува Свет.

Иако изнајмил обезбедување, Радановиќ е преплашен и на сите начини се обидува да ја смири ситуацијата.

„Слоба не ја криеше девојката без причина, туку затоа што е омажена за опасен криминалец, кој не смее да дојде во Србија поради проблеми со законот, ама овде има свои луѓе кои ако треба и би убиле за него. Токму поради тоа Радановиќ се плаши откако се дозна за неговата афера. Тој сега добива закани преку сериозни луѓе од подземјето и брзо ја раскина врската иако е вљубен во жената. Таа дури доаѓаше на снимање на неговиот спот, го следеше на настапи, а кога дознал маж ѝ му се јавил на Радановиќ и му објаснил дека е најдобро веќе да не се гледа со неа. Не требаше двапати да му каже, на Слоба сè му беше јасно“, раскажува изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот