Педофилите во Белгија ќе добијат СОС телефонска линија, сите информации ќе останат тајни

Фото: Архива

Од 28 јуни два региона во Белгија отвораат анонимни телефонски линии за лица со девијантни сексуални фантазии поврзани за деца и малолетници, со цел да се спречи нивното преминување на дела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Телефонските линии ќе функционираат во Брисел и во Валонија, на југот на земјата, објави денеска весникот „Ле Соар”. Слична линија е отворена во Фландрија, на северот на земјата, пред четири години.

Според експертите инволвирани во проектот, оваа иницијатива треба да помогне да им се пружа рамка и помош на луѓето кои имаат девијантни педосексуални тенденции. Тие ќе бидат сослушани од страна на професионални психолози и терапевти специјализирани во оваа област.

Експертите сметаат исто така дека е „полесно” за педофилите тоа да го сторат преку телефон на анонимен начин отколку лично, очи в очи, со терапевт.

Линијата ќе биде достапна три дена во неделата, таа ќе биде достапна и за блиските, роднините и пријателите на девијантните лица, како на пример сопруга која наишла на педофилска содржина кај својот сопруг. Сите информации ќе останат тајни.

Според искуството во Фландрија, каде оваа линија постои од 2017 година, 220 лица кои се јавиле биле пренасочени кон долготрајна терапија и експертите се уверени дека резултатите се опипливи во спречувањето на педофилски дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот