„Печатот на вистината“ е новата книга од Гоце Ристовски

Во издание на издавачката куќа „Интеракција плус“, со материјална помош од Министерството за култура, а во рамките на програмата за поддршка на проекти од национално значење, излезе од печат книгата „Печатот на вистината“ од Гоце Ристовски. Тој е автор на повеќе од 20 прозни, драмски, критичко-есеистички и монографски книги.

– Најновата книга од Гоце Ристовски, „Печатот на вистината“, ја сочинуваат повеќе критичко-есеистички текстови, следејќи го начинот на кој театарот преживеа како жива традиција, постојано докажувајќи ја сопствената неопходност, менувајќи се во зависност од шемите на животот, често влијаејќи на нивниот облик и боја.

Оваа книга, според сфаќањето за театарот како згуснато време, опфаќа временски период што се протега од почетокот на театарот, од пред повеќе од две и пол илјади години, сѐ до денешен ден, притоа и на наше тло – истакнува проф. д-р Христо Петрески.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 149, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 8-9 октомври 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот