Пау Гасол после 20 години се враќа во Барселона!?

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

И покрај најавите дека би можел да ја продолжи кариерата во НБА лигата, Пау Гасол (41) сепак се враќа во Европа, поточно во својата Барселона.

Оваа вест ексклузивно ја објави „Мундо Депортиво“, традиционално близок до каталонскиот клуб, и дека двете страни се договорија околу соработката. Повозрасниот од браќата Гасол се очекува веќе во наредните денови да им се придружи на новите соиграчи на тренинзите.

Имаше желба повторно да биде дел од НБА, но процени дека поважно е да ја темпира формата за Олимписките игри во Токио каде веројатно ќе заврши со активното играње кошарка.

Можеби проблем ќе биде тоа што на паркетот не е од сезоната 2018/2019 кога запиша само три настапи во дресот на Милвоки Бакс.

Кариерата ја започна токму во Барса пред 20 години, а подоцна двапати беше шампион во НБА лигата со Лос Анџелес Лејкерс. Со репрезентацијата на Шпанија беше европски и светски првак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот