Патниците на крузерот „Дајмонд принцес“ ќе бидат пренесени во карантин во Јапонија

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Јапонските здравствени служби планираат да ги пренесат туристите од крузерот „Дајмонд принцес” во карантински објекти во Јапонија во момент кога е потврдено дека на бродот има уште 44 случаи на заразени лица.

Во првата фаза ќе бидат префрлени гости кои се најризични, вклучувајќи ги и старите лица кои претходно имале симптоми.

Јапонските здравствени служби ќе ги тестираат патниците и ќе  бидат префрлени во локалните болници ако се позитивни на новиот коронавирус.

Патниците кои не се заразени ќе бидат префрлени во карантински објект или може да останат на бродот до крај на карантинскиот период, соопштија од компанијата.

Вкупниот број на заразени на бродот е околу 200 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот