Патниците кажувале молитви додека авион слетувал во Скопје

Вкупно пет неуспешни обиди имал авионот кој сообраќал на релација Истанбул-Скопје, да слета на скопскиот аеродром. Тој кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невремето, дознава Скопје1.мк.

Патниците биле вознемирени, во авионот настанала паника и вриштење. Авионот бил на превозникот „Туркиш ерлајнс“, а во него и дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку, меѓу кои и градоначалникот на Охрид. Еден час траела драмата со слетувањето, а искуството било ужасно, сведочи еден од патниците за Скопје1.мк.

– Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот кој точно петпати направи обид да слета на аеродромот во Скопје, но не успеа. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“ – вели патник во авионот за Скопје1.мк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот