Партизан и пред празни трибини подобар од Молде – Слободен печат
СпортФудбал

Партизан и пред празни трибини подобар од Молде

Убедлив настап во првите натпревари од плејофот за ЛЕ имаа и Малме, Феенорд, Трабзонспорт, ПСВ.

Паризан успеа и без помош на навивачите поради казната од УЕФА, да го совлада норвешкиот Молде со 2:1 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на Европа.

Молде поведе во 44. минута преку Боли, но одговорот дојде по само една минута, Сума донесе израмнување. Победничкиот гол го постигна Тошиќ на шест минути до крајот на натпреварот.

Убедливи победи од по 3:0 со кои веќе со едната нога се во групната фаза на ЛЕ, остварија екипите на Астана, Малме, ПСВ и Феенорд.
Турскиот Трабзонспорт со 1:3 како гостин го совлада АЕК Атина, а во дерби пресметката Вулверхемптон беше поуспешен од Торино со 3:2.

Резултати:
Астана – БАТЕ 3:0
Арарат – Дуделанж 2:1
Малме – Бнеи Јехуда 3:0
Судува – Ференцварош 0:0
Феенорд – Хапоел Б.Ш. 3:0
Лудогорец – Марибор 0:0
Копенхаген – Рига 3:1
АЕК – Трабзон 1:3
Легија – Ренџерс 0:0
АЗ Алкмар – Антверпен 1:1
ФЦСБ – Гимараеш 0:0
Гент – Риека 2:1
ПСВ – Аполон 3:0
Стразбур – Ајнтрахт 1:0
Брага – Спартак М. 1:0
Селрик – АИК 2:0
Линфилд – Карабак 3:2
Еспањол – Зорја 3:1
Партизан – Молде 2:1
Слован – ПАОК 1:0
Торино – Вулверхемптон 2:3

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close