Паркинзите во Центар ќе бидат само за центарци

Целта на општина Центар е сите паркинзи во строгото градско подрачје да бидат направени резидентни, соопшти на денешниот брифинг за новинари, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

– Чекаме одредени измени во правилникот на Јавното Претпријатие со кое што ќе оневозможиме паркирање на други автомобили, освен за жителите. Ќе започнеме со реконструкција на паркингот кај Палома Бјанка, па потоа ќе се префрлиме на сите наши затворени. Најосетливи паркинзи се кај Соборен Храм, Дом на градежници, Трготекстил и Зелен пазар – изјави градоначалникот.

На тие локации, целта на општина Центар е што помалку да даваат комерцијални места, туку да ги тераат возачите што не живеат на овие локации, да се паркираат во катните гаражи, што ги има во се поголем број.

 – Дискусијата што ја имаме во врска со правни измени во Правилникот е дали да ја зголемиме цената на паркинзите или само да направиме резидентни паркинзи – вели Богдановиќ.

 За оваа цел, општината има неколку идеи, меѓу која е и бесплатно користење на велосипед и тротинет за граѓаните кои се паркирале во катна гаража, меѓутоа како што вели градоначалникот сето тоа уште е во изработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот