Папата Франциск воведе нови правила: И бискупите ќе треба да одговараат за сексуално злоставување

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Папата Франциск во четвртокот објави нови правила што се однесуваат на Католичката црква на глобално ниво, за пријавување сексуална злоупотреба обврзувајќи ги првпат сите епархии да воведат систем за пријавување малтретирање или прикривање малтретирање, објави Си-ен-ен.

Според новите одредби, сите католички епископи во светот треба да воспостават јавен и достапен систем за пријава на злоупотреба до 1 јуни 2020 година. Одредбите ја опфаќаат внатрешната процедура на Католичката црква и мора да бидат следени од сите епархии.

Новите правила беа објавени набргу по одржувањето на конференцијата за сексуална злоупотреба во Ватикан во февруари и тие претставуваат ветување на папата Франциско дека ќе спроведе конкретни мерки за борба против сексуалната злоупотреба во Католичката црква.

Досега немало единствен и универзален систем за известување и испитување на наводите за малтретирање во Католичката црква.

Папата Франциск го промени законот на Католичката црква според кој сега и бискупите ќе одговараат за сексуално злоставување или прикривање на ова дело, велат од BBC.

Иако овие нови одредби се важни во поглед на појаснување на постапките што треба да се следат во вакви случаи, тие во моментот не се занимаваат со тоа што ќе се случи со свештеникот или епископот што ќе ги прекрши овие правила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот