Папарацо фотографии од Охрид: Елена Велевска „фатена“ со непознат маж на плажа! (ФОТО)

Фото: Приватна архива

Денеска до нашата редакција беа испратени фотографии и една видеоснимка на кои може да се види познатата фолк-пејачка Елена Велевска како ужива на охридските плажи и тоа во друштво на непознат маж.

Дали станува збор само за пријател или нешто повеќе, до овој момент не можеме со сигурност да тврдиме, но едно е повеќе од јасно, а тоа дека Велевска повеќе не е во брак и нејзиниот статус е – сингл.

Фото: Приватна архива

Инаку покрај фотографиите кои ги добивме од нашиот читател, тој вели дека Елена и непознатото момче постојано се смешкале, зборувале тивко, а исто така дека и заедно ја напуштиле плажата.

Се обидовме да ја контактираме познатата пејачка во врска со фотографиите кои ги добивме, но кога слушна за што ја бараме, кусо ни одговори дека ќе ни одговори подоцна.

После еден час ја побаравме уште еднаш на нејзиниот мобилен телефон, но таа повеќе не одговораше на повиците.

Погледнете и видео од Елена и непознатото момче…

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот