Пандев помогна, но Џенова не успеа да искористи! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/SuperSportTV

Вечерва на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова домаќинот претрпе минимален пораз од Милан со резултат 1:2 во рамките од седмото коло во најсилното италијанско фудбалско првенство.

Во текот на првото полувреме Шоне им донесе водство на домаќините во 41 минута, но непосредно пред паузата остана со играч помалку поради црвениот картон на резервниот играч Сапонара. Во 51 минута „росонерите“ израмјија преку Хернандез, а шест минути подоцна Џенова продолжи без уште еден фудбалер на теренот поради црвениот картон Бираски и веднаш од пенал реализираше Кесје.

Не само кај домаќините, туку и кај гостите имаше двајца исклучени играчи, во 79 минута поради два жолти картони мечот предвреме го напушти Калабриа.

Во 88 минута во игра влезе македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој во 93 минута убаво го пронајде Куаме кој на еден вешт начин успеа да изнуди пенал, но истиот не го искористи Шоне. Во 94 минута Кастиљехо од клупата за резерви на Милан доби црвен картон поради неспортски потег.

Милан ја прекина негативната серија од три порази во низа и моментно е на 11 место на табелата во Серија А, а Џенова останува само на една победа досега сезонава и е на претпоследната 19 позиција со само пет бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот