Пандев: Ние веќе направивме нешто големо

фото: EPA-EFE/Stuart Franklin

Капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев смета дека дебитантскиот настап на Македонија на Европските првенства „ги стави во грч“ фудбалерите, но и покрај тоа, имаа голема шанса да дојдат до бод против Украина.

– Прикажаната игра во второто полувреме е нивото кое се посакува. Кога ќе примиш гол од прекин на вакви натпреварувања, станува потешко. Имавме шанси да изедначиме пред пеналот, но таков е фудбалот. Жал ми е што загубивме. Сигурно се виде дека малку сме во грч. Ова се натпревари кои првпат ги играме во нашите кариери. Во соблекувалната си кажавме дека ова не сме ние, зарем треба да примиме гол па да почнеме да играме.  Кога примивме гол како да се опуштивме и како да почнавме да играме. Имавме шанса да израмниме но жал ми е што загубивме бидејќи сметам дека можевме да дојдеме до бод. Мора да играме  Мора да играме мирно, нема што да загубиме, направивме нешто големо и на теренот мора да се забавуваме – изјави Пандев по натпреварот.

Алиоски: Требаше да бидеме поагресивни и во првото полувреме

Ангеловски: Во второто полувреме го покажавме вистинското лице и зошто играме на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот