Алиоски: Требаше да бидеме поагресивни и во првото полувреме

Репрезентациите на Македонија и Украина досега се сретнале петпати/ фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Езџјан Алиоски е вториот стрелец за Македонија на Европските првенства, популарниот Џани во поразот од Украина од 2:1 во 57. минута го совлада Бушчан од „втора“ откако ударот од пенал  украинскиот голман го одбрани, но одбиената топка повторно дојде до Алиоски кој потоа не погреши. Но во останате 30-тина минути, „рисовите“ не успеаја да постигнат втор гол иако имаа неколку одлични шанси и Алиоски смета дека тој и останатите репрезентативците требаше од првата минута да тргнат агресивно како што играа во вториот дел.

– Со Австрија не загубивме 3:1, сега против Украина сме поразени со 2:1 но мислам дека во првото полувреме требаше да бидеме поагресивни, да играме пресинг. Мислам дека како што игравме во второто полувреме, така требаше да играме од првата минута. Но, ова е фудбал и нема ништо лесно. За нас беше важно да дојдеме до бод, но не успеавме во целта. Имаме квалитет, но за жал не игравме добро од почеток – вели Езџијан Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот