Ангеловски: Во второто полувреме го покажавме вистинското лице и покажавме зошто играме на ЕП

Ангеловски остана без ангажман по завршувањето на Евро 2020/ фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Селекторот Игор Ангеловски смета дека вистинското лице на македонската репрезентација е прикажаната игра во второто полувреме против Украина.

– Одигравме натпревар со две различни полувремиња. Во првото полувреме целта беше да влеземе претпазливо, додека во второто да влеземе егал, израмнето. Но во првиот дел сантиметри одлучуваа, поради сантиметри му беше поништен гол на Пандев. Во второто полувреме покажавме зошто сме на ЕП, дека имаме квалитет да бидеме дел од ЕП, а кога навивачите и покрај поразот со аплауз ќе ве поздрават, покажува како сме одиграле – вели Ангеловски.

Селекторот вели дека во паузата помеѓу двете полувремиња им рекол на играчите дека ништо не е завршено.

– Јас кажав дека сме победени, но не сме поразени. Играчите покажаа зошто се дел од ЕП и се дел од европскиот крем. Како што го одигравме второто полувреме така фудбалерите треба да играат и против Холандија за четири дена.  Се надевам дека покрај добрата игра ќе успееме и до првите бодови на ЕП во Амстердам – вели Ангеловски.

Фудбалерите немаа среќа, Украина го „преживеа“ второто полувреме и ги освои бодовите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот