Палестина го прославува масакрот во Ерусалим

Палестина го прославува масакрот во Ерусалим / Фото: ЕПА

Палестинците на Западниот Брег и Газа во петокот го прославија терористичкиот напад во синагога во Ерусалим во кој загинаа седум Израелци, а најмалку тројца беа ранети.

Палестинските медиуми објавија прослави во градовите низ Западниот Брег, вклучувајќи ги Рамала, Наблус и Џенин, како и делови од Источен Ерусалим. На видеата може да се забележи огномет, славенички пукотници, возачи кои свират, огнови и толпи кои скандираат на улиците.

На неколку локации низ Појасот Газа, десетици Палестинци се собраа на спонтани демонстрации за да го прослават нападот, а некои излегоа од слаткарници со големи послужавници со благо за да ги поделат.

Во центарот на градот Газа, можеше да се слушнат пукотници, свирење од автомобилите, а од звучниците во џамиите се слушаше „Господ е голем!“

По пукањето во синагогата, портпаролот на Хамас Хазем Касем го пофали нападот, велејќи дека тој докажува дека „отпорот знае како да најде соодветен одговор“ на израелските „злосторства“. Нападот го поддржа и палестинскиот исламски џихад.

Светот го осудува масакрот во Ерусалим

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот