ВИДЕО: Напаѓач со пушка уби најмалку осум луѓе во синагога во Ерусалим

Фото: Twitter / Israel Foreign Ministry

Најмалку осум луѓе загинаа во напад со огнено оружје во еврејската населба Неве Јаков во Ерусалим, соопштија израелските лекари и полицијата.

Напаѓач вооружен со автоматска пушка отворил оган врз верници во или околу синагога во населбата, велат првичните информации.

Во нападот, кој властите го сметаат за терористички, повредени се десетина луѓе, кои се пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека го „неутрализирала“ напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот