Пакет санкции од Вашингтон против Турција по годишнината од пучот

Пакетот санкции што САД ги подготвува за Турција ќе биде објавен по 16 јули, јавија некои западни медиуми, додека во меѓувреме синоќа слетаа уште три руски авиони со делови од противвоздушниот ракетен систем С-400.

Членови на Горниот дом на американскиот Конгрес (Сенат) викендов побараа од Белата куќа да не чека и да воведе санкции против Турција, како мерка за „опасното партнерство со Путин”.

Санкциите ќе бидат објавени по 16 јули, кога е годишнина од обидот за воен пуч во Турција, со цел да се избегнат непријатните асоцијации за официјална Анкара бидејќи, според турските власти, организаторот на пучот живее во САД.

Ракетниот систем С-400, во извозната документација именуван како „Триумф”, може да погоди воздушни цели на растојание од 400 километри и тактичко-балистички цели на растојание од 60 километри.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, зделката со испораката на ракетниот систем сионоќа ја нарече „најважен договор во современата историја на земјата”.

За некои експерти ова не е едноставна трговија со оружје туку голем надворешно-политички успех за Русија на меѓународната сцена наспроти САД и НАТО сојузниците, кои правеа големи напори испораката да не се случи.

Како членка на воената Алијанса, Турција со оваа испорака го разнишува своето место во НАТО.

По Белорусија и Кина, Турција е трета земја клиент на Москва за ракетниот систем „Триумф”. Во групата наскоро ќе им се придружи и Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот