Овој ресторан ќе биде популарен: Испиле вино од 5.000 евра, а платиле само 350

getty images

Ресторанот „Хоксмор“ во Манчестер сигурно ќе стане популарно место откако нивниот персонал ги честел гостите со едно шише вино, а такви во светот има само 500.

Сопственикот на ресторанот напишал на Твитер дека се надева дека гостите уживале во вечерата во текот на која им е послужено „Шато ле Пин Померол“ (Chateau le Pin Pomerol) од 2001 година.

Гостите нарачале шише вино „Бордо“ од 350 евра, но келнерите им сервирале вино од истата година кое чини 5.000 евра. Келнерот кој ги служел и што ја направил грешката добил само опомена следниот пат повеќе да внимава.

Твитот за „великодушниот“ келнер брзо се проширил со коментари дека сега сите мора да свратат во ресторанот.

Исто така многумина ја поздравиле одлуката на сопственикот дека келнерот што ја направил грешката нема да добие отказ.

Гостите нарачале шише вино кое чини 350 евра. Сопственикот на ресторанот Вил Бекет рекол дека келнерот извадил погрешно шише.

На Твитер поставиле и фотографија со коментар дека шишињата изгледаат прилично слично.

„Она што гостите го испиле е вистинска реткост. Таков вкус на вино нема да најдете никаде на друго место“, вели Бекет.

Митско вино

Водичот за дегустација на вина „Култ на вината“ пишува дека на светот има само 500 шишиња „Шато ле Пин Померол“, додека вкусот на виното го опишуваат како „легендарен“ и „митски“.

Извор: BBC на српски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот