Овој национален парк ѓубрето на туристите им го враќа по пошта (ФОТО)

epa07907857 A Thai national park official walks at a viewpoint of the Haew Narok Waterfall, inside Khao Yai National Park, Prachin Buri Province, Thailand, 09 October 2019. The officials confirm on 08 October 2019 that the herd had thirteen elephants, and that they are expecting that two of them survived and eleven elephants died, after falling into Haew Narok Waterfall in Khao Yai National Park on 05 October 2019, said the national park official. EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Посетителите на националните паркови во Тајланд можат кратко по враќањето дома да примат пакети во кои управата им го испраѓа ѓубрето кое го оставиле зад себе.

После бројните посетители кои минатиот викенд зад себе оставија купишта ѓубре во Националниот парк Као Јаи близу Бангкок, министерот за животна средина Варавут Силпа-арча се досетил како ѓубрето да им го врати на сопствениците преку пошта.

„Го собравме вашето ѓубре и подготвивме картонска кутија и ви го испраќаме дома. Ова треба да ве подучи дека никогаш повеќе не треба да фрлате ѓубре“, стои во пораката приложена во пакетот.

Камперите кои по доаѓањто се пријавуваат во управата на Националниот парк па многу лесно може да се дознае нивната точна адреса и локацијата на нивните шатори покрај кои е оставен отпадот.

Несовесните кампери покрај кутијата со ѓубре ќе добијат и пријава од локалната полиција поради кршење на прописите за националните паркови, пишува порталот Таигер.

„Ѓубрето може да биде опасно за животните како срните ако го изедат и се обидат да го сварат пластичниот отпад кој луѓето го оставаат зад себе“, објаснува Нарин Пинсакул од Националниот парк Као Јаи.

Министерот Варавут на својата страница на Фејсбук постави фотографија од празни шишиња и кесички од грицки подготвени за испраќање по пошта.

Загадувањето на околината со ѓубре е казниво со затвор до пет години или глоба до 500.000 бахти (16.000 долари), според тајландскиот закон за заштита на животната средина.

Националниот парк Као Јаи е отворен во 1962 година и е најстар национален парк на Тајланд. Со своите водопади, како и импресивниот растителен и животински свет на повеќе од 2.000 километри квадрати се смета за еден од најубавите парковите во оваа држава во југоисточна Азија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот