Отворени гласачките места за предвремените парламентарни избори во Ерменија

Фото: МИА

Повеќе од 2.000 избирачки места на предвремените избори за Националното собрание на Ерменија беа отворени во 08:00 часот во целата земја. Гласањето ќе заврши во 22:00 часот, пренесува ТАСС.

Меѓу 25-те политички партии и блокови кои учествуваат на изборите, според направените анкети, фаворити се партијата Граѓански договор, предводена од актуелниот премиер Никол Пашињан и блокот „Ерменија”, предводен од вториот претседател на земјата, Роберт Кочаријан.

Прагот за влез во Парламентот може да го мине и блокот на третиот претседател Серж Саркисјан и поранешниот шеф на Службата за национална безбедност Артур Ванетсијан „Ја имам честа”, како и две парламентарни опозициски партии – „Просперитетна Ерменија”, чиј постојан лидер е еден од најбогатите луѓе во земјата, Гагик Царукијан и „Просветлена Ерменија” на Едмон Марукијан. На изборите учествува и првиот претседател на републиката, Левон Тер-Петросијан, на чело на партијата Ерменски национален конгрес.

За да влезе во парламентот, партија мора да добие најмалку пет отсто од гласовите, а блок седум проценти од гласовите.

Повеќе од 2,5 милиони луѓе ќе можат да гласаат. Електронско гласање се одржа од 11 до 13 јуни, на кое учествуваа 650 лица – вработени во дипломатско-конзуларните претставништва на Ерменија, членови на нивните семејства, како и војници на долги мисии или обуки во странство. Според ерменскиот закон, другите граѓани на републиката што живеат во странство не можат да гласаат затоа што ерменската дијаспора е преголема. Податоците за електронското гласање ќе бидат објавени заедно со главните по сумирање на резултатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот