Отштета од 26 милиони долари за недоволно платените работници во Мекдоналдс

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија/ Фото: МИА

Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс ќе им плати 26 милиони долари на работниците во Калифорнија кои не се доволно платени.

Мекдоналдс од 2013 година е на суд во врска со разни тужби од 38.000 работници. Меѓу другото, работниците го тужат за неплатена прекувремена работа, неплаќање гарантиран минималец, забрана на пауза и неплаќање за дополнителна работа како што е чистење.

Како резултат на сето тоа, компанијата, освен тие 26 милиони долари, сега електронски ќе плаќа плати, бесплатно ќе дели нови униформи и јасно ќе назначува паузи. Ова е најголема спогодба во врска со платите на овој гиганта за брза храна во САД.

– Иако сè уште веруваме дека нашите пракси за вработување се во согласност со Калифорнискиот закон за труд, одлучивме да ја решиме таа тужба покрената на почетокот од 2013 година, соопшти компанијата.

Со спогодбата страните постигнаа взаемно прифатливо решение и документот го доставија до судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот