Откриени се тројцата тепачи од Чаир, четвртиот уште се крие

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство од Скопје денеска извести дека поднело обвининение против три лица кои се обвинети за насилство кое го сториле на 20 декември лани на паркингот позади маркет во Чаир.

„Тие му се приближиле на оштетениот и го нападнале. Го удирале со тупаници по лицето и телото. За тројцата определени се мерки на претпазливост од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје. Истрагата на МВР откри дека тие жртвата ја удриле и со огнено оружје. Доколку Министерството за внатрешни работи, како овластен орган за утврдување на идентитетот на сторителите на кривични дела, го утврди идентитетот на лицето кое пукало во оштетениот, ќе се започне постапка и против тоа лице“ извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот