Осветлен влезот на Ајватовци со ново улично осветлување

Фото: Општина Илинден

Поставувањето на осветлувањето на Општина Илинден се спроведува во рамките на проектот „Илинден-Светла Општина“

Во населеното место Ајватовци во Општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, пришто осветлен е влезот и улица 1 во ова населено место.

Поставувањето на осветлувањето на Општина Илинден се спроведува во рамките на проектот „Илинден-Светла Општина“ кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

– Екипите на ЈКП „Илинден“, покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување вршат и докомплетирање на постојните линии, како и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови. Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден – информираат од оваа скопска општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот