Остра реторика на Помпео за политиките на Русија и Кина

фото EPA-EFE/TOM BRENNER

Русија ги убива политичките противници, а тактитиките на Кина би биле „ужасно познати” на поранешните источни Германци, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во говорот во Берлин за научените лекции од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Помпео рече дека Западот, односно „сите ние сме го изгубиле патот во позадина на тој горд момент”.

– Денес Русија, која ја води поранешен офицер на КГБ, некогаш стациониран во Дрезден, врши инвазија на своите соседи и ги убива политичките противници, истакна Помпео.

– Во Кина, Комунистичката партија на Кина обликува нова визија на авторитаризам – дополни тој.

– Да бидеме единствени заедно. Да останеме заедно како сојузници – побара Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот