Основачот на американскиот култ „Нексием“, Кит Раниер осуден на 120 години затвор

Фото: printscren

Основачот на „Нексием“, „компанија за маркетинг” и за „лично и професионално усовршување” која е опишана како култ, е осуден на 120 години затвор поради сексуално вознемирување на дел од следбеничките кои буквално биле жигосани со неговите иницијали.

Судот во Бруклин го осуди Кит Раниер, „гуру за лично усовршување” меѓу чии следбеници се наоѓале и милионери и холивудски глумици, на необично висока казна, врз основа на минатогодишната осудителна пресуда.

Судијата Николас Гарауфис го нарече Раниер „суров и немилосрден” во „досега невидени злосторства извршени врз девојчиња и жени“. Обвинителите барале доживотна казна затвор, но одбраната сметала дека 15 години е доволна.

Учесниците во програмата „Нексием”, која започнала во 1998 година, плаќале илјадници долари за „курсеви за личен развој” кои биле наменети само за оние со специјални покани.

Седиштето на тајниот „култ” се наоѓало во близина на градот Олбани, во сојузната држава Њујорк, а ограноци имало и во Мексико и во Канада.

Меѓу следбениците имало милионери и холивудски глумици, кои биле подготвени на понижувањата и потчинувањата како дел од „часовите” на Раниер.

Раниер е осуден за рекетирање, криумчарење странски државјани, трговија со луѓе, изнуда и опструкција на правдата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот