Османи: Средбата со Варвициотис порака до ЕУ дека европската перспектива создава нови пријатели

Надеж дека земјите-членки и Франција ќе ја сфатат важноста на претстојниот Самит на Европската унија, дека тој не е обичен самит, туку ја има тежината на Солунскиот од 2003 година кога е отворена перспективата на регионот кон Унијата, порача денеска од Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, по средбата со грчкиот алтернативниот министер за надворешни работи Милитиадис Варвициотис.

– Одлуката утре може да ја задржи вратата отворена и таа перспектива да остане отворена – рече Османи кој истакна дека вчерашниот исход од состанокот на Советот за општи работи бил разочарувачки, а во текот на дискусиите имале судир на два концепта.

Едниот, како што појасни, инсистира двете земји да добијат одлука, односно да биде испочитуван пакетот Северна Македонија и Албанија, а другиот, поддржуван од група земји кои инстираат само Северна Македониј да добие одлука.

– Немањето консензус се случи на крај како резултат на судир на тие два пристапа и се надевам дека ќе се надмине на Европскиот совет на ниво на шефови на држави – рече Османи.

Нагласи дека вчера имало жар во дебата и во аргументацијата на над 20 земји-членки, кои се залагале дека земјата треба да почне преговори.

-Само една земја го спори начинот на кој се одржуваат преговорите и предлага воведување нова методологија пред да се донесе каква било одлука. Остануваме на ставот дека тие два процеса треба да се одвиваат паралелно, дека ниту кој било во регионот е против нова методологија која ќе го зајакне процесот, рече Османи.

Додаде дека самата одлука е тест за капацитетот на ЕУ да го одржи своето ветување кон земјата и регионот.

За денешната средба со Варвициотис, нагласи дека симболично значи грчка поддршка за нашата евроинтеграција.

-Праќаме порака до ЕУ дека европската перспектива доведе до можност да се создадат нови пријатели во регионот, рече Османи и додаде дека на средбата разговарале за билатерални прашања, потребата од забрзување на импелентацијата на Преспанскиот договор, но и за вчерашниот министерски состанок во Луксембург.

Алтернативниот министер Варвициотис вчера го поддржал почнувањето преговори со земјава, а тоа Грција ќе го стори и на Самитот на шефови на држави.

-Не само што ќе гласаат за отворање преговори со нас, туку ќе се обидат да ги убедат другите земји членки зошто тоа е важно за земјата и за односите меѓу двете земји, за стабилноста на регонот и кредибилитетот на ЕУ, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот