Османи: Кога ќе добиеме предлог од Франција, тогаш ќе одговориме

Бујар Османи министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од страна на Бугарија кон Северна Македонија, и дали има кокретни ставови, рече дека прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози.

– Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација, нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме, истакна Османи на прес-конференција во Охрид пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022.

Според Османи, не е охрабрувачка политичката сцена во Бугарија, но, вели, ние го следиме патот што го трасира француското претседателство.

– Ако Франција оцени дека оваа внатрешна ситуација во Софија дозволува тие да продолжат со други чекори да се фати овој воз во јуни, ние треба да сме дел од овој процес кога ќе има став координиран од сите членки на ЕУ. Ние подготвени да ги продолжиме разговорите, но очекуваме предлог што е унифициран од сите земји-членки, рече Османи.

На новинарско прашање зошто на Форумот нема претставник од Бугарија, тој рече дека е разбирливо што нема учесник од Софија поради нивната сложена внатрешна политичка ситуација.

– Во оваа фаза треба да се утврди дали има политичка волја да се најде решение. Ако тоа го дефинираме во овие денови, ќе продолжиме таму каде што застанавме. Викендов остваривме напредок во разговорите, сметам дека во последните денови француското претседателств треба да го преземе кормилото и да ни каже дали има простор за некаков посуштински ангажман и дали ќе одат на нареден чекор, рече Османи.

Министерот повтори оти тој не би се откажал за можно решение во јуни, но очекуваме насока од француското пртседатество во наредните денови.

На прес-конференцијата пред почетокот на Преспа форумот, Османи рече дека со второто издание на Преспа форум дијалогот се потврдува нашата цел поставена минатата година овој меѓународен форум да прерасне во платформа на градење мостови, надминување на стереотипите и зближување на народите.

Северна Македонија со Преспа форумот за дијалог го потврди своето место на мапата на меѓународната заедница како сериозен партнер на вакви меѓународните иницијативи.

Франција денеска ќе го достави официјалниот предлог за кревање на ветото кон Северна Македонија, а како што претходно јавија бугарски медиуми, премиерот на Бугарија Кирил Петков после тоа до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот