Османи: Иста ваква хистерија имаше за избор на претседател на Собранието

ДУИ е фронтмен на позитивните движења во државава- рече Османи.

Малцинската влада што се најавува меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е изборна реторика, рече вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи на вечерашната дебата на „Само интервју“.

Иако новинарот постојано го прашуваше зошто предлагаат премиер Албанец, иако е нереална идеја, Османи не отстапуваше од тврдењето дека по 15 јули Северна Македонија ќе го има првиот премиер Албанец.

-Фактот дека ќе го имаме првиот премиер Албанец ќе значи многу во постигнувањето на потполна еднаквост во државата. Ние сме избрале квалитетен човек, кој што е со искуство и сметаме дека е најдоброто решение во овие околности да биде идниот премиер на оваа држава. Ваква хистерија имаше за избор на претседател на Собранието и за сите промени, ДУИ е фронтмен на позитивните движења во државава- рече Османи.

Тој повторуваше цело време дека иако за избор на премиер се потребни 61 пратеник, кои ДУИ тешко дека ќе ги освои, Османи сепак порачувапе дека тие ќе бидат клучен фактор во идната влада.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во дуел изрази подготвеност да му отстапи пратеници на противникот Христијан Мицкоски за тој да формира влада, доколку ДУИ ја уценува СДСМ со премиер кој тие го предложуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот