Организаторот нема дилеми, Олимписките игри ќе се одржат во Токио

Олимпијада во Токио /twitter/Fast World News

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 8 до 24 август годинава како и што беше планирано.

Во екот кога целиот свет стравува од коронавирусот, на само пет месеци од стартот на Олимписките игри, членот на организацискиот одбор за ОИ, Кацура Енијо, изјави дека Токио нема план Б, и нема да има никакви промени поврзани со Игрите.

– Не размислуваме за друго сценарио. Лично, немам никаква дилема по тоа прашање – изјави Кацура Енијо за Ројтерс.

Јапонија е подготвена за организација на Олимписките игри, вложени се околу 12 милијарди долари, па поради тоа организаторите настојуваат да ја разиверат светската јавност дека Игрите може да бидат откажани или преместени во дриг град поради страв од ширење на коронавирусот.

Иако во Кина, земјата од каде излезе коронавирусот опаѓа бројот на заболени, вирусот брзо се шири низ светот, па така во Јапонија се евидентирани 200 заразени и пет починати.

И претседателот на ИОК, Томас Бах го поддржа ставот на Токио, велејќи дека тие се посветени Олимписките игри да се одржат во Токио според предвидениот план и распоред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот