Организаторот на Австралија Опен е главниот виновник за хаосот со Ѓоковиќ

Крег Тили директорот на Австралија Опен и Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Главен виновник за сè тоа што му се случува на Новак Ѓоковиќ во моментов е организаторот на Австралија Опен, покажува писмото кое денеска се појави во јавноста.

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, уште во ноември минатата година му испратил мејл на првиот човек на Австралија Опен, Крег Тили, во кој го известил дека податокот дека тенисер или тенисерка кои биле позитивни на коронавирус, не е доволен доказ за да се добие медицинско изземање.

„Австралиската гранична полиција (АБФ) ги советува луѓето да бидат целосно вакцинирани, како што препорачува АТАГИ (австралиската техничко-советодавна група за имунизација), за да можат слободно да влезат во земјата и да не одат во карантин. Што се однесува до вашето конкретно прашање, можам да потврдам дека лицата кои имале корона во изминатите шест месеци и сакаат да дојдат во Австралија од другите континенти, но не примиле две дози од одобрените вакцини, ќе се сметаат за нецелосно вакцинирани“, му напишал министерот Хант на организаторот на Австралија Опен.


Мејлот покажува дека главен виновник за сево ова што му се случува на Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, е организаторот на Австралија Опен, бидејќи имал два месеци да ги извести сите тенисери и тенисерки дека потврдата за прележан ковид-19 не е доволен доказ и дека ќе мора да приложат дополнителни докази или да се вакцинираат.

„Ги поддржувам спортските организации каква што е Тениската федерација да продолжи да соработува со АБФ и со здравствените власти за да се овозможат безбедни планови против коронавирус, вклучувајќи ги и настаните за кои се потребни меѓународни патувања“, пишува Хант во мејлот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот