Општина Велес наредните денови ќе го реши статусот на Офицерскиот дом – Слободен печат
ВестиМакедонија

Општина Велес наредните денови ќе го реши статусот на Офицерскиот дом

Претходно градоначалникот Аце Коцевски соопшти дека за Офицерскиот дом има заинтересирано повеќе угостители, а од кои некои имаат изготвено готови проекти за негова целосна ревитализирање и адаптирање во модерен угостителски објект на градот.

Правната служба на Општина Велес наредната недела треба да изготви одлука за наредната седница на Советот на Општина Велес, која ќе се одржи  до крајот на август, а со која треба да се знае статусот за издавање  Офицерскиот дом, на еден од заинтересираните угостители под концесија, односно  со некаков облик на јавно – приватно партнерство, на одреден број години.

Ова денеска за МИА го информираа од службите на Општина Велес, кои најавија дека идната недела ќе подготват одлука до Советот на Општина Велес со која треба да се реши статусот на Офицерскиот дом.
Истиот со одлука на Владата пред неколку години е вратен во повторно владение на Општина Велес .

Претходно градоначалникот Аце Коцевски соопшти дека за Офицерскиот дом има заинтересирано повеќе угостители, а од кои некои имаат изготвено готови проекти за негова целосна ревитализирање и адаптирање во модерен угостителски објект на градот.

Коцевски најави дека после одморите ќе започне постапката за давање на Офицерскиот дом да работи како угостителски објект под концесија, односно каков облик на јавно – приватно партнерство.

-На колку години ќе ги издадеме ќе утврдиме дополнително, информира Коцевски.

Инаку за тоа Офицерскиот дом повторно да биде угостителски објект на јавна расправа минатата година одлучија мнозинството од граѓаните.

Претходната локална власт која си го врати објектот во владение од приватен угостител, со одлука од Владата, планираше и најавуваше да го пренамени објектот во Градска куќа со венчална сала, резиденцијален објект за прием на странски делегации и простории за пратениците,но од тоа ништо не реализира.

По напуштањето на угостителот „Снупи” во август 2012, објектот пропаѓа.

Инаку дворот на Офицерскиот дом, кој беше ресторан, претходната власт го преуреди во парк со клупи за одмор и рекреација на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close