Општина Ѓорче Петров: Вкупно 40 новороденчиња ќе добијат финансиска помош од 5.000 денари

александар стојкоски
Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Фото: Фејсбук

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски потпиша 40 нови решенија за доделување еднократна парична помош во висина од 5.000 денари за новороденчиња на територија на општината.

– Станува збор за барања поднесени пред изборниот процес и во периодот кога исплатите беа забранети, согласно законската регулатива. Сите претходни барања за новороденче од пред септември 2021 година се исплатени, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека Општина ќе продолжи и понатаму да ги стимулира родителите во насока на поддршка на наталитетот во населбата. Проектот за еднократна парична помош за новороденче ќе продолжи да се реализира и во наредните години, истакнаа од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот