Општина Центар ќе субвенционира поправка на лифтови и кровови на згради

Општина Центар распишa јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови на станбени згради на подрачјето на општината.

Субвенцијата опфаќа исплата на финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 150.000 денари за санација на кров и 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 300.000 денари за санација на лифт.

Jавниот повик за реконструкција на кровови се однесува на замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси. Додека, финансиската поддршка за поправка на лифтови се однесува на оние за кои е утврдено дека се технички неисправни. Субвенцијата опфаќа модернизација на лифтовите и нивно усогласување со безбедносните стандарди.

Апликациите треба да бидат поднесени од сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици апликант.

Барањата за користење на мерката се поднесуваат на пропишан образец кој сите заинтересирани можат да го подигнат на пријавницата во барака 3 и/или во архивата на Општина Центар – барака 6 , но истиот можат да го превземат и од веб-страницата на Општина Центар.

Селекцијата на апликациите ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата. Апликациите можат да се достават во период од 16 до 30 септември 2019 година.

Минатата година меркатаза субвенционирање реконструкција или санација на лифтови и кровови беше применета на 26 станбени единици на територија на Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот