Општина Богданци: Субвенции за комунални услуги за ранливите категории на граѓани

Фото: mia.mk

Општина Богданци и оваа година обезбеди средства за субвенционирање на комунални услуги за граѓаните од социјално загрозените категории за кои имаше рапишано јавен оглас.

– Износот на субвенцијата изнесува 300 денари месечно за секоја сметка на лицата корисници на социјална парична помош кои поднеле барања на јавниот оглас и за граѓани изложени на социјален ризик, велат од Општината.

Субвенцијата од 300 денари ќе се однесува за дел од сметката за потрошена вода за пиење, а право за поднесување на барања имаат само корисници на улуги од јавното комунално претпријатие кои треба да достават потврда за користење социјална парична помош и лична карта.

Комплетната документација со барање за субвенција се доставува на адреса на локалната самоуправа, најдоцна до 1 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот