Општина Аеродром: Презентација на платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце”

Фото: mia.mk

„Аеродром – прва општина со европско знаменце” е новата платформа што ќе ја презентира денеска Општина Аеродром.

На презентацијата ќе се обратат градоначалникот Златко Марин и високиот претставник на Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмаат, а од општината најавуават присуство и на вицепремиерот Љупчо Николовски и други министри од Владата, претставници на владините регулаторни тела, како и амбасадорите на Германија, Словенија, Хрватска, Холандија и на други држави.

Со оглед на актуелната ситуација со пандемијата, од Општина Аеродром велат, дека ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за одржување јавни настани. Презентацијата ќе биде пренесувана во живо на општинската фејсбук страницата (facebook.com/OpstinaAerodrom) и на каналот на Jутјуб на Општина Аеродром (shorturl.at/nwDNV).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот