Општина Аеродром: Лисиче наскоро ќе се урбанизира

Лисиче, Фото: Слободен печат/Елена Вељановска

Лисиче наскоро ќе започне да се урбанизира, најавуваат од Општина Аеродром. Од оваа скопска општина велат дека за правилен и рамномерен развој на Општина Аеродром, урбанизацијата на Лисиче е неопходна.

– Конкретно за местото викано Бановина предвидена е урбанизација, заради што наскоро очекуваме да почнеме со изработка на нов ДУП за овој дел од Лисиче, како и за другите делови од Лисиче кои беа заборавени – велат од Општината од каде што потенцираат дека, еден од приоритетите на новата локална самоуправа ќе биде и заштита на животната средина, што подразбира и чистење на постојните депонии, кои за жал како што велат оттаму, изминативе години се заборавени.

Од оваа скопска општина нагласуваат дека првиот работен ден градоначалникот Тимчо Муцунски го искористил за да прати јасна порака до сите што создаваат диви депонии дека во иднина тоа нема да се толерира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот