Опозицијата обвинува: Артан Груби е прочитан како буквар, институциите да истражат како неговиот брат купува имот во вредност од половина милион евра

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Артан Груби и луѓе блиски до него се богатат во време кога сите граѓани осиромашуваат.

„Веќе не поминува неговата реторика и етикетирање. Фактите ги гледаат и Албанците и Македонците и сите останати. Артан Груби е прочитан како буквар“, се вели во соопштението од партијата.

Груби треба да одговори како туристичката агенција во сопственост на неговиот брат ЕТЦ Травел се стекнала со луксузен имот на улица Македонија со површина од 127м2 со вредност од околу половина милион евра, кога истата таа фирма според податоците на Централниот регистар 4 години по ред работела со загуби. Како може ваква несолвентна фирма да земе толку голем кредит кога има пад на приходи од 73 проценти, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваат дали Груби ја злоупотребил позицијата во Влада за да овозможи повластици на семејна фирма и како се стекнува со луксузен имот во време кога илјадници други компании ставаа клуч на врата.

Дека Ковачевски со денови се крие и не смее да изусти ни збор, тоа е веќе очигледно. Затоа не го повикуваме него да го разреши Груби после овој скандал. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби, да го истражат овој имот но и другите скандали поврзани со заменикот на Ковачевски. Европските вредности подразбираат чесност и отчетност, но и владеење на правото. Еве им прилика на институциите да се покажат на дело, додаваат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот