Опасна игра на Орбан на Балканот: Будимпешта финансира обид за уништување на БиХ

Виктор Орбан
Виктор Орбан/ Фото EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Будимпешта финансира обид за уништување на Босна и Херцеговина, а Брисел во меѓувреме само ги преплавува проблемите на Балканот со пари и не дава отпор на националистите, пишува германски Велт.

Под наслов „Опасната игра на Орбан на Западен Балкан“, весникот оценува дека Унгарија како членка на ЕУ и НАТО го поддржува стремежот за отцепување на босанските Срби, а дека помошта во тие настојувања доаѓа токму од Брисел.

Додик и Орбан на средба во Будимпешта во 2019 година / фото: ЕПА/ЕФЕ

Весникот потсетува на посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Бања Лука минатиот ноември и на изјавата која во тоа време беше дадена во Република Српска , според која тие „уживаат целосна поддршка од премиерот Орбан и државата Унгарија – подршка која се однесува и за отцепување од Босна и Херцеговина.“ пренесува Дојче веле .

И покрај „кризата што им се заканува и на НАТО и на ЕУ“, текстот оценува дека „се чини дека овие грижи немаат никаква улога во Будимпешта“. Орбан ќе го блокира секој обид на Европската унија да воведе санкции на (Милорад) Додик. И повеќе од тоа – Унгарија стави на располагање 100 милиони евра помош за Република Српска.

Написот во германскиот весник ја цитира и изјавата на аналитичарот од БиХ, Јасмин Мујановиќ, кој тврди дека „Будимпешта финансира обид за уништување на Босна и Херцеговина“ и го наведува неговиот заклучок дека Орбан на тој начин „ја следи сопствената идеја за „христијанска Европа“. При што Додик е една алка во синџирот на нелиберални режими што Орбан сака да ги прифати во Европската унија како сојузник во неговата сопствена нелиберална коалиција – а потоа на ред за прифаќање и сојузништво во Еу ќе биде и Србија.

Велт, исто така, ја доведува во прашање улогата на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој е со „унгарско потекло и лојален следбеник на Орбан

„Неговата улога всушност го обврзува да ги застапува заедничките интереси на Унијата, а не земјата од која потекнува. Но, во тоа постојат сомнежи“, оценува германскиот весник.

Весникот , исто така, потсетува на документот на ЕУ „кој го покажува „вонредното ниво“ на координација меѓу Вархеји и сецесионистите во Република Српска“ напишан пред спорното гласање во парламентот на РС. законот за еднострано повлекување од државните институции во период од шест месеци “ , стои во документот кој Велт наведува дека го поседува.

Весникот цитира и писмо од група европратеници кои бараат истрага за улогата на Вархеи, во кое, меѓу другото, се наведува дека „доколку постои сомнеж за непристрасноста и неутралноста на Европската комисија, тогаш е загрозена чувствителната геополитичка рамнотежа“.

„Велт“ го обвинува Брисел и дека „проблемите на Балканот ги решава исклучиво со пари и не дава никаков отпор на националистите“, додавајќи дека земјите од регионот ; само од 2014 до 2020 година добиле околу 700 милиони евра за реформи – „без конкретен напредок, како што покажува последниот извештај на ревизорската служба на Европската унија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот