Фото: Принтскрин/ Твитер

Опасен тренд: Смртоносен предизвик на ТикТок однесе четири животи

Најмалку четири лица во Алабама, Америка починаа, откако подлегнаа на новиот и смртоносен предизвик на ТикТок, пишува „Пипл“.

Иако, овој предизвик на социјалните мрежи кружи од 2020 година, овие четири смртни случаи во Алабама, се случија во последните шест месеци.

Љубителите на адреналин и возбуда, се снимаат како скокаат и небезбедно прелетуваат од чамците кои се движат со голема брзина во водата.

Капетанот Џим Денис од спасувачкиот одред „Чилдерсбург“ се огласил за немилите настани и изјавил дека луѓето кои учествувале во овој опасен предвизик во Алабама, си го скршиле вратот и веднаш подлегнале на тешките повреди.

Од социјалниот медиум ТикТок не се отстранети видеата, но ставен е знак за предупредување каде пишува „Учеството во оваа активност може да резултира со повреда на себе или на другите“.

„Можете да завршите со скршени коски, скршен врат, или на крајот да налетате на пропелерот на вашиот сопствен брод или друг брод може да ве прегази и тоа би предизвикало многу штета, а најчесто и смрт“, кажал Гејл Кулп, извршен директор од фондацијата „Sea Tow“.

Ова не е првпат, предизвик кој се појавува на ТикТок да резултира со смртни случаи или повреди. Иако е поставено предупредување, платформата на социјалните мрежи вели дека овие видеа не би ги именувале како ТикТок предизвик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот