ОН: Северна Кореја е под истрага поради кибер напади врз 17 земји – Слободен печат
ВестиПланета

ОН: Северна Кореја е под истрага поради кибер напади врз 17 земји

Овие дејствија за цел имале незаконско собирање пари за нејзината нуклеарна програма.

Експерти на ОН соопштија дека истражуваат најмалку 35 случаи на кибер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот, што за цел имале незаконско собирање пари за нејзината нуклеарна програма, пишува турскиот весник „Сабах”.

Минатата недела светските агенции информира дека Северна Кореја незаконски дошла до „ две милијарди долари” од своите се подобро обмислени и реализирани кибер активности врз финансиски институции и берзи за крипто валута.

Извештајот на ОН открива дека Јужна Кореја била најмногу засегната, бидејќи дури 10 пати била жртва на вакви кибер напади, следена од Индија со три и Бангладеш и Чиле со по два напада.

По еден кибер напад претрпеле 13 држави: Коста Рика, Гамбија, Гватемала, Кувајт, Либерија, Малезија, Малта, Нигерија, Полска, Словенија, Јужна Африка, Тунис и Виетнам, се наведува во извештајот на ОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close