ОМИЛЕНИОТ СОК НА НОЛЕ И ЈЕЛЕНА стана вистински хит на Инстаграм – хранлив и лесно се прави – Слободен печат
ЕспресоХрана

ОМИЛЕНИОТ СОК НА НОЛЕ И ЈЕЛЕНА стана вистински хит на Инстаграм – хранлив и лесно се прави

Сокот од целер е одличен извор на антиоксиданси, кои влијаат врз подобар изглед на кожата и ја спречуваат прераната појава на брчки.

Сокот од целер овие денови е многу популарен на Инстаграм, а за тоа придонесе Новак Ѓоковиќ. Се работи за пијалак кој е многу здрав, а Ноле и Јелена често го пијат наместо кафе наутро.

Овој сок ја гасне жедта, а ако ви е преинтензивен можете да го разредите со вода. Исто така, ја намалува подуеноста и помага при исфрлање на вишокот течности од телото.

Сокот од целер е одличен извор на антиоксиданси, кои влијаат врз подобар изглед на кожата и ја спречуваат прераната појава на брчки. Богат е со магнезиум и нитрати кои ја подобруваат циркулацијата, а севкупно има еден грам шеќер. Калориската вредност е многу ниска. Доволно е само една шолја сецкан целер за да направите една доза од сокот.

Саканата количина исецкајте ја и ставете ја во блендер. Пијте го процеден од пулпата. Вкусот е неодреден, нешто меѓу слатко и солено. Ако сакате да внесете повеќе растителни влакна, Ноле препорачува да го консумирате целерот наместо грицки за ужина.

Добила неверојатна идеја: Што планира ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ со нејзиното МАЈЧИНО МЛЕКО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close