ОЈО бара парични казни за 45 лица

обвинителство ојо

Обвинителите бараат казната да 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра.

Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичен суд Скопје достави 39 предлози за издавање казни за 45 лица, обвинети за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Еден од обвинетите не ја почитувал наредбата за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, како мерка за спречување и ширење на заразната болест COVID-19.

Сите останати 44 лица не се придржувале до одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот