Огромна концентрација на витамин Ц: Лекувајте се и разубавувајте се со јадење киви

Кивито е овошје што се бере и се складира во овој период од годината. Здравствените, но и козметичките придобивки што се добиваат со редовно јадење на ова овошје се многубројни.
Поради неговиот киселкаст вкус, кивито може да се јаде свежо, да се стави во напитоци, но и да се комбинира со други плодови и од него да направите свежа сезонска салата.

Го намалува чувството на подуеност

Кивито во својот состав содржи поголеми количини растителни влакна и ензимот актинидин, кои помагаат во регулирањето на варењето на храната. Токму затоа, по оброк во кој било вклучено мрсно и зачинето месо или сте јаделе друг вид „тешка храна“, изедете барем едно киви. Тоа успешно ќе помогне во разредувањето на белковините од месото и рибата, кои можат да доведат до подуеност.

Ги намалува воспалителните процеси

Бромелаинот, ензим што се наоѓа во кивито, помага во разградување на протеините и лекува воспаленија. Тоа значи дека намален е ризикот од болести какви што се артритис, срцеви болести и мозочен удар. Високите количини на витаминот Ц исто така помагаат во спречување на воспаленијата борејќи се против слободните радикали.

Помага во слабеењето

Доколку внимавате на телесната тежина, кивито дефинитивно треба да се најде на вашето мени. Ова овошје содржи многу вода, а има низок гликемиски индекс, нискокалорично е и содржи многу влакна и го зајакнува имунитетот

Витаминот Ц е важен за функцијата на клетките, ги штити клетките од оштетување и дава поддршка на имунолошкиот систем. Резултатот е силен имунитет и поретки инфекции, настинки и грип.

Искористете го во козметички цели

Маските за лице што се прават на природна основа се лесни за подготовка и многу помагаат во освежување на кожата. Една од таквите маски е и маската подготвена од свежи киви и мед. Оваа мешавина од природни состојки важи за совршена комбинација во намалувањето на појавата на брчки на лицето, во отстранувањето на изумрените клетки наталожени по површината на кожата и при површинските задебелувања.

Оваа маска ќе ѝ даде посебна еластичност на кожата, а во исто време ќе ја направи и позатегната.

За нејзина подготовка ви требаат следните состојки:

– 1 киви

– 2 големи лажици мед

Подготовка:

Излупете го кивито и внимателно изгмечете го, а потоа префрлете го во подлабок сад. Во кивито додајте го потребното количество мед. Измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето. Оставете ја маската да делува околу 20 минути, а потоа обилно исплакнете со млака вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот