Официјално: Сандро Тонали е новиот играч на Милан!

фото: твитер

Како што и се најавуваше денеска тоа и се потврди, „росонерите“ го промовираа нивното ново летно засилување кое доаѓа од редовите на Бреша, Сандро Тонали или како што уште го нарекуваат новиот „Андреа Пирло“.

Играчот од средниот ред успешно ги заврши лекарските прегледи, по што следуваше и официјалниот потпис, доаѓа на позајмица вредна 10 милиони евра со клаузула од 15 милиони евра по крајот на оваа сезона.

Тонали кој уште како дете е фан на Милан, потпиша договор на пет години со „росонерите“, а во трката за неговиот потпис беше и градскиот ривал од Милано, екипата на Интер.

Целиот трансфер може да достигне сум од 35 милиони евра доколку младиот италијански фудбалер оствари додатни бонус клаузули.

Минатата сезона во најсилната италијанска Серија А имаше 35 настапи со еден постигнат гол против Џенова.

Новиот „Пирло“ во Милано, лекарски прегледи, па потпис! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот