Официјално: Радоњиќ се врати на клупата на Црвена звезда

Дејан Радоњиќ е нов тренер на Панатинаикос/фото: EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Кошаркарскиот менаџер Мишко Ражњатовиќ потврди дека Дејан Радоњиќ е нов тренер на „црвено-белите“.

Радоњиќ во Црвена звезда доаѓа на местото на Саша Обрадовиќ кој денеска спогодбено го раскина договорот.

Старо-новиот тренер ќе има тешка задача бидејќи белградскиот тим се наоѓа на претпоследното место на табелата во Евролигата со пет победи и 11 порази, а желбите и очекувањата на управата е освојување на едно од првите осум места и пласман во плеј-офот.

Дејан Радоњиќ од 2013 до 2017 година седеше на клупата на Црвена звезда кој притоа освои три титули во АБА лигата и српскиот шампионат. Последен клуб кој Радоњиќ го тренираше беше германскиот Баерн од каде си замина пред крај на минатата сезона. Првиот натпревар на клупата на Црвена звезда, Радоњиќ ќе го има во недела против екипата на Игокеа во рамките на АБА Лигата.

Засега не е познато дали Радоњиќ ќе седи на клупата на Црвена звезда до крајот на сезоната или пак ќе потпише повеќегодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот