Официјално: Одложен уште еден меч во Премиер лигата!

Тотенхем нема да го одигра одложениот меч во Конференциската лига против Рен/Фото: EPA-EFE/Alex Livesey

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Фулам кој требаше да се одигра денеска во Лондон од 19.00 часот од 16 коло во Премиер лигата е одложен.

И двата клуба ја потврдија информацијата после одлуката донесена од првите луѓе на натпреварувањето.

Тотенхем соопштува дека од Фулам побараа одложување поради позитивни случаи на ковид-19 меѓу нивните играчи и стручниот штаб.

Можно е повторно да биде суспендирана Премиер лигата откако дури 18 играчи се позитивни на коронавирус во најмалку три клуба. Поради таа причина беше одложен и дуелот помеѓу Евертон и Манчестер сити.

За денеска останува да се игра само еден меч, од 21.00 часот Њукасл е домаќин на актуелниот шампион Ливерпул.

Мурињо удри по Премиер лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот