Официјално: Драган Стојковиќ Пикси е нов селектор на Србија

Фудбалската репрезентација на Србија конечно по два месеци, доби нов селектор, тоа е Драган Стојковиќ Пикси.
Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Србија, денеска ја потврди одлуката популарниот Пикси да биде нов селектор. Тој ќе добие  договор до крајот на 2023 година, односно доби мандат да ја води репрезентацијата на Србија во квалификациите за СП 2022 година како и во квалификациите за ЕП 2024 години. Доколку Србија обезбеди пласман на ЕП, тогаш на Стојковиќ ќе му биде продолжен договорот за уште една година.

Во наредните денови се очекува да бидат дефинирани финансиските детали од договорот, а дебито на клупата на репрезентацијата, Пикси ќе го има на 24. март во натпреварот против Република Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот