Официјален полски претставник со тврдење: Сајбер напади од Русија врз два државни сајта

Фото: МИА

Две интернет-страници на полската влада се хакирани и користени за ширење лажни информации за непостоечко истекувње на радијација. Според полски претставник, сајбер-нападот бил извршен од Русија.

Лажни извештаи за истекување на нуклеарно гориво во соседна Литванија, што претставува закана за самата Полска, накратко се појавија на веб-страниците на Националната агенција за атомска енергија и Министерството за здравство.

Портпаролот на полската безбедност, Станислав Зарин изјави дека инцидентот „изгледа како типичен руски обид” да се внесе сомнеж и поделба меѓу западните сојузници.

Минатата година имаше сличен сајбер-напад со објавување лажни информации за непостоечки радиоактивен облак што дошол во Полска од Чернобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот