Официјално: Раниери е десеттиот тренер на Вотфорд во последните пет години

фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

По неполни два месеци од новата сезона во Премиер лигата, падна првата тренерска жртва, Чиско Муњоз повеќе не е менаџер на Вотфорд. Сопствениците на Вотфорд, селејството Поцо експресно ја најде замената, изборот падна на Клаудио Раниери.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Раниери потпиша двегодишен договор со Вотфорд чии челници се надеваат дека искусниот тренер може да ги однесе на победничките патеки како што во 2016 година го направи со Лестер кога ја освои титулата во Премиер лигата.

Претходно Чиско Муњоз доби отказ бидејќи во првите седум кола освои само седум бода.
Клаудио Раниери ќе биде десеттиот тренер кој ќе седне на клупата на Вотфорд од 2016 година, претходно на клупата на англискиот тим седеа Кике Санчез Флорес, Валтер Мацари, Марко Силва, Хави Гарсија, па повторно Кике Санчез Флорес, Најџел Пирсон, Хејден Мјилис, Владимир Ивиќ и Чиско Муњоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот