Официјално: Карим Бензема ја освои „Златната топка“

Карим Бензема е петтиот Французин кој ја добива „Златната топка“/Париз, Франција/17 октомври 2022/

Французинот Карим Бензема е освојувач на „Златната топка“, која се доделува на најдобриот фудбалер на светот, за 2022 година. На церемонијата во Париз, Франција, наградата ја доби од славниот поранешен играч, Зинедин Зидан.

Напаѓачот на Реал Мадрид важеше за голем фаворит пред доделувањето на наградата во Париз, а малкумина беа изненадени кога тоа заврши во неговите раце.

Во претходната сезона постигна 44 гола и имаше 15 асистенции на само 46 натпревари и стана петтиот Французин во историјата кој го добил ова признание.

Еден од најзаслужните за 14 титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а за неговите настапи во нокаут фазата од континенталното натпреварување ќе се зборува уште долго, особено за хет-трикот против ПСЖ и Челси. Тој беше и најдобар стрелец на тоа натпреварување со 15 голови.

фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

На второто место во изборот се најде Садио Мане, екс играч на Ливерпул, сега ги брани боите на Баерн Минхен, а на третата позиција се најде членот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Инаку Сане ја доби инаугуративната награда „Сократес“, која се доделува за придонес во општеството. Напаѓачот на баварскиот гигант е познат по својата хуманитарна работа во Сенегал.

Фудбалерот на Барса Гави прогласен за најдобар млад фудбалер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот